ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА БУЏЕТОТ НА УНИЈАТА Кошта закажа вонреден самит на 26 ноември

Преговорната рамка, што ирското претседателство со Советот на ЕУ ја презентираше само пред неколку дена, а во која се предлага намалување на вкупниот буџет за 141 милијарда евра, со цел да се прилагодат поштедливите земји-членки, сега е официјално отфрлена.

46

Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит на Европскиот совет во Брисел без договор за буџетот, со нов дефицит од 70 милијарди евра во финансирањето на Украина и отворени конфликти поврзани со енергијата и со миграцијата, но и со нова решеност да се воспостават нови инструменти за трговска заштита со цел Унијата да се спротивстави на Кина, пренесува Еуроњуз.

Лидерите на ЕУ се собраа вчера и денеска во Брисел со агенда што вклучуваше долгорочен буџет, финансиска поддршка за Украина, миграција, енергија и односи со Кина. Тие детално разговараа за следната повеќегодишна финансиска рамка, но беше постигнат мал напредок, бидејќи некои земји останаа цврсти на своите позиции.






Преговорната рамка, што ирското претседателство со Советот на ЕУ ја презентираше само пред неколку дена, а во која се предлага намалување на вкупниот буџет за 141 милијарда евра, со цел да се прилагодат поштедливите земји-членки, сега е официјално отфрлена.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се очекува да презентира нов компромис во наредните недели, за кој многумина веруваат дека ќе биде презентиран пред вонредниот самит што го закажа за 26 ноември, само неколку дена пред изборите во Шпанија.

Се очекува Кошта да се фокусира на три главни насоки: да се одржат националните придонеси што е можно пониски, да се преиспита даночниот пакет на ниво на ЕУ, меѓу другото, потпирајќи се на предлозите на Европскиот парламент, како и повторно да се воведат инструментите за флексибилност што ги укина ирското претседателство.

Миграцијата повторно беше едно од најспорните прашања откако претходната дебата во јуни се претвори во жестока вербална расправија меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, од една страна и италијанската премиерка Џорџа Мелони и данската премиерка Мета Фредериксен, од друга страна.

Овој пат, Италија и Шпанија се согласија за првиот чекор кон решавање на спорот за гранична контрола по серијата меѓусебни контроли воведени по големата мигрантска криза во шпанската енклава Сеута.

Лидерите на ЕУ разговараа и за енергетиката, а Вишеградската група (В4) и Италија побараа амандман на заклучоците од самитот, со цел да се бара од Европската комисија да предложи нови мерки за ограничување на краткорочните флуктуации на цените на електричната енергија и да се разгледа предложениот Систем за тргување со емисии (ЕТС).

Чешкиот премиер Андреј Бабиш остро го критикуваше данокот на јаглерод, обвинувајќи го дека се поткопува конкурентноста на Европа со поттикнување на нагло зголемување на трошоците за енергија.

– Цел ден, на лидерско ниво, учествувавме во изготвување текст од техничка природа – рече функционер на ЕУ на маргините на самитот, наведувајќи дека од ова нема да произлезат нови мерки или нови политики што навистина би им помогнале на земјите-членки на ЕУ да ги решат своите проблеми.

Поврзани содржини