УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци и со ветер
Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до минус 1 степен, а најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 5 степени наутро, до 18 во текот на денот.
Следува период на стабилно време со променлива облачност во текот на денот.
