СО БАЗЕНОТ ВО КАРПОШ ЌЕ РАКОВОДИ ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА Нов модел за управување со спортската инфраструктура

За првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени.

57

Општина Карпош го предаде базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).

Станува збор за објект кој почна да го гради поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негова доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден во владение на Општина Карпош.






Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и на Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува.

 

За првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени.

– За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето. Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат – истакна министерот Ристовски.

Поврзани содржини