🎥 НОВА ПОПЛАВА ВО НЕПАЛ ОДНЕСЕ ДЕСЕТИЦИ ДОМОВИ И МОСТОВИ Нема извештаи за загинати или за исчезнати лица
Поплавата на реката Буди Гандаки била предизвикана од свлечиште во горниот тек на реката, што довело до ненадеен пораст на нивото на водата, изјави портпаролот на непалската полиција, Аби Нарајан Кафле.
Силна ненадејна поплава денеска го зафати речниот тек во планинските предели на централен Непал, однесувајќи десетици домови и оштетувајќи ја инфраструктурата, вклучувајќи патишта, мостови и најмалку една хидроелектрана, соопштија официјални лица.
Поплавата на реката Буди Гандаки била предизвикана од свлечиште во горниот тек на реката, што довело до ненадеен пораст на нивото на водата, изјави портпаролот на непалската полиција, Аби Нарајан Кафле.
– Повеќе домови и инфраструктурни објекти се уништени или оштетени, но досега нема извештаи за загинати или исчезнати лица – изјави Кафле за ДПА.
Локалните медиуми јавија за најмалку пет исчезнати лица.
Видеоснимките што се споделуваат на социјалните мрежи прикажуваат како надојдените води, носејќи големи количества отпад, однесуваат делови од населбите и мостовите.
Властите со хеликоптери евакуираа неколку семејства кои останале заглавени во опасната зона, додека стотици други жители од долниот тек на реката исто така се евакуирани на безбедно.
Националната агенција за справување со катастрофи издаде црвен аларм за жителите на подрачјата долж долниот тек на реката.
Реката Буди Гандаки е дел од речниот систем Тришули – Нарајани, кој беше погоден од разорни ненадејни поплави на реката Ботекоши претходно оваа година. Поплавите кон крајот на август во Непал и Тибет однесоа околу 1.450 животи, додека повеќе од 4.500 лица се водеа како исчезнати.