Јеменските бунтовници Хути денеска повторно ги предупредија авиокомпаниите, вработените на аеродромите и патниците да не ги користат аеродромите во Саудиска Арабија.
Хутите додадоа дека нивното предупредување мора да се сфати сериозно.
Јеменските бунтовници вчера го нападнаа меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, при што беа убиени 12 лица, а 309 беа повредени.
Хутите изјавија дека Саудиска Арабија „носи одговорност за неуспехот да ги пресретне ракетите“ истрелани кон Ријад.
Во меѓувреме, претставник на воздухопловниот сектор во Ријад изјави дека аеродромот „Крал Халид“ сè уште ја нема обновено својата работа.