МЕСИ И РОНАЛДО ВО ИСТ ТИМ Двете ѕвезди ќе играат заедно на „Ла Бомбонера“

Карлос Тевез планира проштален натпревар на стадионот „Ла Бомбонера“ во декември. Меси и Роналдо се меѓу посакуваните гости, но засега нема официјална потврда дека ќе настапат.

33

Лионел Меси и Кристијано Роналдо би можеле да се најдат во ист тим на прошталниот натпревар на поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез. Двете фудбалски ѕвезди се меѓу имињата што Тевез сака да ги види на теренот за време на свечениот натпревар посветен на неговата кариера.

Според аргентинските и шпанските медиуми, натпреварот се планира за декември на легендарниот стадион „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес, домот на Бока Јуниорс. Како можен датум се споменува 19 декември, но точниот термин сè уште не е официјално потврден.






Тевез сака на едно место да ги собере поранешните соиграчи со кои настапувал во текот на својата богата кариера. Претседателот на Бока Јуниорс, Хуан Роман Рикелме, наводно дал согласност натпреварот да се одржи на „Ла Бомбонера“.

Засега нема официјална потврда дека Меси и Роналдо ќе учествуваат на натпреварот.

Тевез е меѓу ретките фудбалери што имале можност да играат со двајцата. Со Меси настапуваше во репрезентацијата на Аргентина, додека со Роналдо беше соиграч во Манчестер јунајтед.

Аргентинецот веќе ја изразил желбата двајцата да бидат во ист тим. Во изјава што повторно привлече внимание по најавите за прошталниот натпревар, Тевез рече дека ќе се погрижи лично да стапи во контакт со португалската ѕвезда.

Доколку прифатат да настапат, Меси и Роналдо би можеле да се најдат на иста страна на теренот во еден од најочекуваните егзибициски натпревари за љубителите на фудбалот.

Поврзани содржини