НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА НАВИ ПИЛАЈ ОД ЈУЖНА АФРИКА Живот посветен на правдата – од Нелсон Мандела до Палестина

Со доделувањето на овогодишната Нобелова награда за мир току на личност како Наванатем Пилај Норвешкиот Нобелов комитет испраќа порака за улогата и значењето на владеењето на правото на национално и на меѓународно ниво.

53

Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2026 година на Наванатем „Нави“ Пилај, за нејзините заложби за унапредување на мирот и на меѓународното право.

Јужноафриканската адвокатка е наградена за нејзиниот долгогодишен придонес во заштитата на човековите права и на меѓународната правда. Наградата е признание за нејзината посветеност на промовирање на човековото достоинство и одговорност за кршењата на човековите права.






Нави Пилеј одигра клучна улога во правното гонење на воените злосторства, злосторствата против човештвото и геноцидот.

Наванатем „Нави“ Пилај е родена на 23 септември 1941 година, во Дурбан, Јужна Африка, во семејство со индиско-тамилско потекло. Студирала на Универзитетот во Натал, стекнувајќи диплома за хуманитарни науки во 1963 година и диплома по право во 1965 година. По завршувањето на универзитетот, Пилај започнала кариера како адвокат и работела под менторство на адвокатот за кривично право Н.Т. Наикер, вклучувајќи се активно во правната борба против апартхејдот, меѓудругото и во одбраната на Нелсон Мандела.

Во 1967 година, Пилај ја основала својата адвокатска канцеларија и станала првата жена што го сторила тоа во нејзината матична провинција Натал. Во 1981 година, Пилај аплицирала и студирала на Универзитетот Харвард во рамките на програмата за стипендии за размена „Харвард-Јужна Африка“ и се стекнала со титулата магистер по право. Во 1988 година, таа ја завршила својата теза и дипломирала на Правниот факултет при Харвард со докторат по право (Juris Doctor).

Пилај работела како судија во Високиот суд во Јужна Африка, во Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда и во Меѓународниот кривичен суд. Беше и Висок комесар на Обединетите нации за човекови права, а до неодамна претседаваше со Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираните палестински територии. Денес, Нави Пилај е судија во Меѓународниот суд на правдата во случајот во кој Мјанмар е обвинет за геноцид.

Покрај тоа, Нави Пилеј е претседавач со Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираните палестински територии, претседател на Меѓународната комисија против смртната казна во Мадрид, претседател на Советодавниот одбор на Меѓународната академија за нирнбершките принципи и претседавач со квази-судската истрага за притворот во Демократска Народна Република Кореја.

Со доделувањето на овогодишната Нобелова награда за мир току на личност како Наванатем Пилај Норвешкиот Нобелов комитет испраќа порака за улогата и значењето на владеењето на правото на национално и на меѓународно ниво.

 

Поврзани содржини