ЌЕРКАТА НА ЏОН ТРАВОЛТА ПРОШЕТА НА МОДНАТА ПИСТА ВО ПАРИЗ Освен со манекенство, Ела Блу се занимава и со глума и музика

Ела Блу Траволта има 26 години, неверојатно личи на славниот татко и за првпат прошета на модната писта на Париската модна недела

489

Ела Блу Траволта, ќерката на холивудскиот актер Џон Траволта и покојната актерка Кели Престон, привлече големо внимание на Париската модна недела. На 26 години, таа направи важен чекор во својата манекенска кариера, дебитирајќи на ревијата на модната куќа „Миу Миу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu)






Ела прошета на пистата на 4 октомври, претставувајќи ја колекцијата за пролет/лето 2027 година. Таа носеше впечатлива комбинација од кошула со дезен, смарагднозелено сако, темносини панталони со црвена лента од страните и сандали. Изгледот го надополни со дискретна шминка и собрана коса.

На истата ревија се појавија и познати имиња како Џиџи Хадид, Оливија Колман и Луиза Џејкобсон, ќерката на Мерил Стрип. За Ела ова беше прво појавување на модната писта во Париз, но не и прво манекенско искуство. Во 2022 година учествуваше на модната недела во Њујорк, на ревијата на колекцијата „Cara Loves Karl“ на Карл Лагерфилд.

Освен со манекенство, Ела се занимава и со глума и музика. Дебитираше на филмското платно во 2009 година во комедијата „Old Dogs“, во која глумеше заедно со својот татко и Робин Вилијамс. Подоцна повторно соработуваше со Траволта во филмот „The Poison Rose“ од 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu)

Годинава таа се појави и во филмот „Alicia in Wonderland“, а ја имаше и улогата во „Propeller One-Way Night Coach“, режисерското деби на нејзиниот татко, кое беше претставено во Кан. Пред неа се и нови филмски проекти, меѓу кои „Black Tides“ и „Nice People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu)

Иако често ја споредуваат со нејзиниот славен татко, Ела е исто така поврзана со споменот на нејзината мајка Кели Престон, која почина во јули 2020 година, на 57-годишна возраст, по борба со рак на дојка. Џон Траволта и Кели беа во брак речиси 29 години и имаа три деца: Ела, Џет и Бенџамин.

Семејството претходно доживеа уште една голема трагедија во 2009 година, кога нивниот најстар син Џет почина на 16 години за време на семеен одмор на Бахамите. Траволта и денес отворено зборува за тоа колку му недостигаат сопругата и синот, а често споделува спомени од нив на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, актерот со гордост ги следи успесите на својата ќерка. Нејзиното појавување на модната писта во Париз покажува дека Ела постепено гради сопствен пат во светот на забавата, надвор од сенката на славните родители.

Поврзани содржини