ПО РАЗДЕЛБАТА СО СОПРУГОТ, СЕ ПРЕГРНА СО ПОРАНЕШНАТА ЉУБОВ Аманда Сајфред и Доминик Купер се сретнаа по 15 години од раскинувањето

Актерката во септември објави дека таа и Томас Садоски се разделуваат по девет години брак. Во заедничката изјава за „Пипл“ наведоа дека веќе извесно време живеат одвоено и дека одлуката се покажала како добра за нив и за семејството.

70

Актерката Аманда Сајфред повторно се сретна со Доминик Купер, нејзиниот поранешен партнер со кого се запозна на снимањето на мјузиклот „Mamma Mia!“. Нивната средба во Хемптонс доаѓа кратко откако таа и сопругот Томас Садоски објавија дека веќе извесно време се разделени.

Сајфред (40) и Купер (48) се сретнале на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптонс на 3 октомври, а нивната средба привлече внимание поради неодамнешната вест за разделбата на актерката од сопругот.






Поранешниот пар се запознал за време на снимањето на првиот филм „Mamma Mia!“ од 2008 година, во кој ги играа Софи и Скај, младата двојка што планира да се венча. Нивната љубовна врска траеше три години, а се разделија во 2011 година. Подоцна повторно соработуваа на продолжението „Mamma Mia! Here We Go Again“, во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rod Nez ☠️ (@rodnezhorror)

Во разговор за магазинот „Пипл“ на фестивалот, Сајфред рекла:

– Нашите животи се многу различни. Живееме на многу различни места и јас имам само убави чувства кон него.

Таа објаснила дека односот со човек со кого сте биле во врска кога сте биле помлади со текот на годините може да се промени и да прерасне во нешто поинакво.

– Кога сте со некого долго време во помладите години, тоа некако се развива во семејна, убава и нежна врска – рекла Сајфред.

Актерката во септември објави дека таа и Томас Садоски се разделуваат по девет години брак. Во заедничката изјава за „Пипл“ наведоа дека веќе извесно време живеат одвоено и дека одлуката се покажала како добра за нив и за семејството.

– Секогаш ќе се имаме еден со друг – и тоа е ДОБРО – порачаа тие.

Сајфред и Садоски се венчаа во 2017 година, по запознавањето за време на работата на театарската претстава „The Way We Get By“. Имаат две деца, ќерката Нина и синот Томас.

Купер, пак, од 2018 година е во врска со актерката Џема Чан.

На фестивалот во Хемптонс, поранешните партнери дошле со различни професионални поводи: Сајфред го промовираше филмот „The Life and Deaths of Wilson Shedd“, а Купер филмот „The Lightkeeper“. Повторната средба ги потсети обожавателите на нивната љубовна приказна од времето на „Mamma Mia!“, но актерката јасно стави до знаење дека денес ги поврзуваат само убави спомени и пријателство.

Поврзани содржини