ОДНОСИ ЕУ-КИНА НА КРИТИЧНА ТОЧКА, СЕ БАРА ЗАОСТРУВАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА Усвоен извештај во Европскиот парламент

Според европратениците односите со Пекинг „достигнаа критична точка, првенствено поради нефер економските практики на Кина, како што се дампингот и шпионажата“, но и поради нејзиниот став кон војната на Русија против Украина.

66

Европскиот парламент денеска го усвои извештајот за односите на Европската Унија со Кина, во кој наведува дека се на критична точка поради приммена на нефер економските практики од страна на Пекинг и неговиот став кон војната на Русија против Украина.

„За“ извештајот гласаа 454 пратеници, 86 се изјаснија „против“, а 110 беа воздржани и побараа од Европската комисија и Советот на ЕУ да се реши прашањето на нерамнотежа во трговските односи со Кина, посочувајќи оти трговски дефицит на ЕУ со Кина надминува 300 милијарди евра. Европратениците бараат и Кина „веднаш да ги запри сите облици на помош за Русија и да престане да придонесува за продолжување на војната“.






Според европратениците односите со Пекинг „достигнаа критична точка, првенствено поради нефер економските практики на Кина, како што се дампингот и шпионажата“, но и поради нејзиниот став кон војната на Русија против Украина.

Тие исто така наведоа дека „глобалниот подем на Кина стана еден од најголемите политички предизвици за Европа“. Според нив, „Пекинг денес претставува уникатна комбинација на партнер, конкурент и системски ривал“.

ЕП оцени дека Кина не е само економска сила, туку и геополитички актер, кој се стреми да го обликува меѓународниот поредок според сопствената визија, што често е во спротивност со европскиот модел заснован на отвореност и правила.

Парламентот исто така повикува на признавање на стратешкото значење на Арктикот и Далечниот север за европската и трансатлантската безбедност, како и на внимателно следење на научните, економските и инфраструктурните активности на Кина на Арктикот, особено оние со двојна намена и нивната поврзаност со руското воено присуство во регионот.

Поврзани содржини