📽️ ДАЛИ ЏИЏИ ХАДИД НАВИСТИНА ОДИ КАКО ФУДБАЛЕР? Манекенката се појави на ревија во Париз, а луѓето не ја штедат во коментарите
Џиџи Хадид ја затвори ревијата на Miu Miu во Париз, но нејзиното појавување на пистата предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.
Супермоделот Џиџи Хадид, на 4 октомври прошета на ревијата на колекцијата „Here and Now“ за пролет/лето 2027, која ја дизајнираше Миуча Прада. Колекцијата се темелеше на спој на спортска облека и погламурозни парчиња.
Хадид носеше темносив спортски топ од жерсеј со врзување околу вратот и отворен грб, комбиниран со плисирано миди-здолниште со низок струк. Страните на здолништето беа украсени со кристали и други детали, а изгледот го надополни со патики во сино-бела боја со жолти детали, дискретни обетки и коса собрана во ниско опавче.
Но, веднаш по појавувањето на снимките од ревијата на интернет, вниманието се префрли од облеката кон нејзиниот начин на одење.
– Оди како фудбалер – напиша еден корисник, додека друг додаде дека Хадид дефинитивно не е добар модел за писта. Трет коментатор напиша дека сè уште не разбира како станала успешна манекенка и оцени дека не е меѓу најдобрите 50 модели на сите времиња.
Други ја критикуваа нејзината целокупна појава, па еден корисник праша зошто секогаш оди како да се спрема да претепа некого. Имаше и споредби со Кендал Џенер, па еден корисник напиша:
Друга личност се осврна на нејзиното семејство:
– Нејзината мајка беше манекенка и се појавуваше во „The Real Housewives of Beverly Hills“, па двете сестри благодарение на семејството станаа познати, а потоа и манекенки, како нивната мајка… чист непотизам.
За разлика од некои познати личности кои ја отфрлаат етикетата „непо бебе“, Џиџи Хадид отворено зборува за тоа дека семејството ѝ овозможило подобра почетна позиција во кариерата.
– Технички, јас сум дете на непотизам. Тоа што имате успешни родители не значи дека на работа не треба да доаѓате крајно љубезни и подготвени напорно да работите – изјавила таа во 2023 година во интервју за „The Times“.
Хадид зборуваше и за својата привилегирана позиција и чувството на вина поради тоа што нејзиниот влез во модната индустрија бил полесен отколку за многу други. Притоа нагласи дека нејзините родители не го наследиле своето богатство.
Нејзината мајка Јоланда Хадид била успешна холандска манекенка со меѓународна кариера, пред да стане позната на пошироката јавност благодарение на реалното шоу „The Real Housewives of Beverly Hills“. Нејзиниот татко Мохамед Хадид богатството го стекнал со инвестирање во луксузни недвижности.
Gigi Hadid walks Miu Miu SS27 !! https://t.co/JUKdRvjJLn
— beyza misses chandler (@beyzanurapaydin) October 4, 2026