ЈУТУБЕРИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЗАБРАНЕТ ПРОСТОР Сепак, не ја загрозиле борбената готовност зашто се сликале во расходувани летала

Од Министерството наведуваат дека тој простор делумно е отворен поради земјени работи и уредување на теренот за изградба на нови инфраструктурни објекти, а во иднина треба да биде преуреден и да добие нова намена.

96

Против австриските јутјубери, кои без дозвола влегле во ограден дел од воениот аеродром Батајница ќе бидат поднесени кривични пријави поради влез во простор во кој движењето е забрането, соопшти српското Министерство за одбрана. Истовремено, од Министерството објаснуваат дека делот што го снимиле не бил оперативен и дека авионите и хеликоптерите што се гледаат на снимката се расходувани летала.

Според српските воени власти, јутјуберите влегле во физички одвоен и преграден дел од комплексот на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“, во кој не се одвиваат активности на единиците и техниката што се наоѓаат на аеродромот.






Од Министерството наведуваат дека тој простор делумно е отворен поради земјени работи и уредување на теренот за изградба на нови инфраструктурни објекти, а во иднина треба да биде преуреден и да добие нова намена.

Клучното објаснување се однесува на леталата што се гледаат на видеото. Според Министерството, авионите и хеликоптерите се расходувани и „ниту едно од нив не е во оперативна употреба“ за извршување задачи на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на Војската на Србија.

Оттаму нагласуваат дека со инцидентот не е загрозена оперативната способност на единиците сместени на аеродромот, ниту е нарушено нивното безбедно и непречено функционирање.

Министерството додава дека сепак станува збор за „неовластено влегување во ограден простор“ спротивно на јасно истакнатите предупредувачки знаци. Против лицата се преземени законски мерки и се поднесени кривични пријави поради кривично дело од член 416 од Кривичниот законик на Србија.

Министерството притоа ги отфрла толкувањата во некои медиуим дека странците пристапиле до борбени авиони што ги користи српската војска или до делот во кој се одвиваат клучните активности на единиците, оценувајќи дека таквото претставување на настанот создава погрешна слика за реалната состојба на теренот.

Воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница е од исклучително значење за Војската на Србија, а Министерството уверува дека заштитата на неговите оперативни капацитети, инфраструктурата и припадниците кои ги извршуваат задачите е на високо ниво.

🎥 АВСТРИСКИ ЈУТУБЕРИ ГИ ПОСРАМИЈА СРПСКИТЕ ВОЕНИ ВЛАСТИ Влегле во воен аеродром и се сликале внатре во авионите!?

 

Поврзани содржини