НАУЧНИЦИТЕ ВОСХИТЕНИ ОД ОВА ЧЕСТО ЗАНЕМАРЕНО ОВОШЈЕ Спојот што се создава во организмот кога го јадеме, може силно да влијае врз срцето
Ново истражување открива дека уролитинот А, метаболит што се создава во организмот по консумирање калинка, може да има позитивно влијание врз работата на срцето.
Калинката со години се смета за едно од најздравите овошја, а научниците сега сè повеќе внимание насочуваат кон соединението што се создава во нашиот организам по неговото консумирање.
Станува збор за уролитин А, природен метаболит кој настанува кога цревните бактерии разградуваат одредени материи од калинката. Иако не е особено познат во пошироката јавност, во последните години привлекува сè поголем интерес кај истражувачите поради потенцијалните здравствени придобивки.