📽️ БРИЖИТ МАКРОН Ѝ ПРИЈДЕ ДА ЈА ПОЗДРАВИ, А ТАА НЕ СТАНА ОД СТОЛОТ На социјалните мрежи ја критикуваат Зендаја поради односот кон првата дама на Франција

На видеото, кое го објави „Paris Match“, се гледа како Брижит Макрон се приближува до Зендаја, двете се поздравуваат, разменуваат неколку зборови и се ракуваат, но актерката не станува од своето место.

115

Средбата меѓу Зендаја и Брижит Макрон на ревијата на Луис Витон во Париз предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Актерката ја поздрави првата дама на Франција и ѝ подаде рака, откако таа ѝ пријде, но остана да седи на своето место во првиот ред.

На видеото, кое го објави „Paris Match“, се гледа како се одвива средбата меѓу првата дама на Франција и славната актерка. Двете се поздравуваат, разменуваат неколку зборови и се ракуваат, но актерката не станува од своето место.






Ова го забележаа корисниците на социјалните мрежи. Некои ја критикуваа Зендаја и коментираа дека требало да стане кога првата дама на Франција ѝ приоѓа, додека други сметаа дека станува збор за сосема краток и неформален поздрав на модна ревија.

Овој момент беше доволен за на интернет да се отвори дебата за бонтон и однесување во вакви ситуации.

Средбата се случи на ревијата на Louis Vuitton за колекцијата пролет/лето 2027 во рамките на Париската модна недела. Зендаја, која е амбасадорка на модната куќа, привлече внимание и со својата комбинација – бела чипкана јакна со големи волани, бела маица, фармерки и бели чевли.

Креативниот директор на Louis Vuitton, Никола Гескиер, ја претстави новата колекција воЛувр, а Брижит Макрон беше меѓу гостите во првиот ред.

Поврзани содржини