ХУТИТЕ ТВРДАТ ДЕКА НЕ ИЗГУБИЛЕ НИ ПЕДА ОСВОЕНА ТЕРИТОРИЈА Борбите со војската на Јемен се во тек

„Хутите во целост контролираат се што освоија на терен“, објави портпаролот на јеменските бунтовници Јахја Сари.

79

Јеменските бунтовници Хути денеска ги соопштија дека под нивна контрола се сите неодамна освоени позиции, посебно стратешките подрачја на брегот на Црвеното Море.

„Хутите во целост контролираат се што освоија на терен“, објави портпаролот на јеменските бунтовници Јахја Сари.






Тој додаде дека Хутите изминатите часа извршиле десетина напади врз јеменската армија во регионите Ал-Џауф и Мариб и оти и понатаму напаѓаат цели во покраината Таиз.

Хутите извршија и нови напади врз меѓународниот аеродром во Ријад и рафинеријата на Арамко во Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признаената јеменска влада.

Претходните денови владините сили презедоа контраофанзива и тврдат дека Хутите се потиснати од зоната на теснината Баб ал-Мандеб, аеродромот Дубаб, кампот ал-Омари и градот Мока.

Хутите во септемвриската офанзива воспоставија контрола над целиот западен брег на Јемен долж Црвеното Море. Оттогаш, тие редовно ги напаѓаат нафтените и воените објекти во Саудиска Арабија.

🎥 ЈЕМЕНСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ИМ НАНЕЛА ТЕЖОК УДАР НА ХУТИТЕ Истиснати се од протокот Баб ел-Мандеб, заземен е градот Мока

Поврзани содржини