🎥 ЈЕМЕНСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ИМ НАНЕЛА ТЕЖОК УДАР НА ХУТИТЕ Истиснати се од протокот Баб ел-Мандеб, заземен е градот Мока

Офанзивата на владините сили на Јеммен е поддржана со воздушни напади од Саудиска Арабија.

2

Владините сили во Јемен вчера соопштија дека ја презеле контролата врз крајбрежјето околу теснецот Баб ел-Мандеб до градот Мока по брза офанзива против Хутите, објави „Ројтерс“.

Јеменското Министерство за одбрана соопшти дека Мока паднал под контрола на владините сили, а четир владини извори изјавија дека силите стигнале до периферијата на градот и дека борците на Хутите се повлекувале кон планинските области.






Офанзивата е поддржана со воздушни напади на Саудиска Арабија.

Владините сили претходно зазедоа и клучни позиции во областа Дубаб, вклучително и писта на самиот влез во Баб ел-Мандеб – теснец кој ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив и е една од најважните светски поморски трговски маршрути.

Како одговор, Хутите соопштија дека извршиле напади врз неколку цели во Саудиска Арабија, меѓу кои меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, рафинерија на „Арамко“ во Рабиг, аеродромот во Абха и воена база во Хамис Мушаит.

Овие тврдења засега не се независно потврдени.

Продолжувањето на офанзивата би можело дополнително да ја ослаби контролата на Хутите врз важната нафтена и поморска маршрута во Црвеното Море, во момент кога енергетските пазари веќе се под силен притисок поради затворањето на Ормускиот Теснец од страна на Иран.

Сепак, Хутите и натаму би можеле да ги напаѓаат бродовите со дронови од други позиции.

Борбите во Јемен траат со недели, откако долгогодишната граѓанска војна повторно се разгоре во услови на поширокиот конфликт меѓу САД и Иран.

Хутите, кои од 2014 година контролираат голем дел од најнаселените области во Јемен, вклучително и главниот град Сана, ги отфрлија тврдењата на владата како неосновани.

Поврзани содржини