НЕ СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИЈА Мицкоски тврди дека пензискиот систем е сигурен и стабилен

Според анализата на Фискалниот совет, кусокот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување достигнал 54,4 милијарди денари, односно 5,2% од БДП.

47

Пензионерите немаат причина да бидат загрижени, бидејќи пензискиот систем во земјава е стабилен и сигурен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Не треба апсолутно никој да се грижи. Владата и јас лично цениме дека состојбата е апсолутно стабилна и сигурна и не треба да се грижат пензионерите- рече Мицкоски.






Тој додаде дека актуелната Влада ги зголеми пензиите.

– Оваа Влада ги зголеми пензиите просечно како ниту една друга Влада во историјата на независна Македонија – рече Мицкоски.

Во однос на обезбедувањето средства, премиерот рече дека пари има, но треба да се расчистат слоупотребите.

-Парите се тука, но парите треба да се пронајдат онаму каде што се злоупотребуваат и да се насочат онаму каде што тие пари се потребни – додаде Мицкоски.

На прашањето дали Владата размислува за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, премиерот кратко одговори:

-Барем засега не.

Според анализата на Фискалниот совет, кусокот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување достигнал 54,4 милијарди денари, односно 5,2% од БДП.

Советот како можни решенија предлага постепено зголемување на придонесите за пензиско осигурување од 18,8 на 20%, зголемување на старосната граница за пензионирање за една година, подолго доброволно останување во работен однос, повисока минимална пензија и напуштање на ад-хок зголемувањата на пензиите.

Поврзани содржини