СИДНИ СВИНИ СЕ СПРЕМА ДА ПРЕМИНЕ ВО ЈУДАИЗАМ Актерката и музичкиот продуцент размислуваат да ја продлабочат врската

Според извор на „Page Six“, религијата е важна за партнерот на актерката, па таа сериозно размислува за преоѓање во јудаизам и за таа цел веќе се сретнала со двајца рабини

28

Сидни Свини наводно се сретнала со двајца рабини за да дознае повеќе за процесот на преминување во јудаизмот, додека таа и нејзиниот партнер Скутер Браун разговараат за брак и основање семејство. Според извор на „Page Six“, религијата е важна за Браун, па актерката сериозно размислува за менување на верата.

Сидни (29) и Браун (45) неодамна присуствувале заедно на служба за Рош Хашана во синагогата „Темпл Шолом“ во Гринич, Конектикат. Според очевидец, двајцата седеле во задниот дел од синагогата. Токму по оваа посета почнаа шпекулациите дека актерката размислува да премине во јудаизмот.






Но, според новите информации на „Page Six“, станува збор за нешто посериозно од обична посета на синагога. Извор тврди дека Свини разговарала со двајца рабини за процесот на конверзија. Тој процес може да трае од една до четири години, вклучува изучување на јудаизмот и бара поддршка од рабин кој го спонзорира кандидатот.

– Двојката разговара за тоа да имаат свое семејство, а Скутер има цврст став по ова прашање – вели изворот за „Page Six“.

Браун веќе е татко на три деца од бракот со поранешната сопруга Јаел Коен. Двајцата се разведоа во 2022 година, а Сидни во последно време поминува сè повеќе време со неговите деца. Самиот Браун претходно отворено зборуваше за заедничкото родителство со Коен.

Актерката и музичкиот продуцент се запознале во 2025 година на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција. Нивната врска постепено станала посериозна, а во текот на 2026 година почнаа почесто да се појавуваат заедно во јавност. Во април беа заедно на премиерата на третата сезона на „Euphoria“, а во септември беа фотографирани во Венеција.

Браун неодамна ѝ посвети емотивна порака на Сидни за нејзиниот 29. роденден. Тој напиша дека таа е личноста која го изненадила и му покажала како изгледа вистинско партнерство, додавајќи дека со неа иднината му изгледа како нешто кое едвај го чека.

„Page Six“ претходно објави дека Браун сака да се ожени со актерката и дека би можел да ја запроси во следните шест месеци. Според извор близок до него, тој е многу посветен на врската и сака таа да стане негова сопруга.

За Сидни, пак, желбата за семејство не е нова. Таа во интервју за „The Hollywood Reporter“ во 2022 година зборуваше дека отсекогаш сакала да стане млада мајка. Следната година, во разговор за „Variety“, изјавила дека сака еден ден да има четири деца и да ги води со себе каде и да оди.

Браун потекнува од конзервативно еврејско семејство и јавно зборува за својата еврејска вера. Сидни е израсната во христијанско семејство. Ниту таа ниту Браун досега јавно не ги коментирале информациите дека актерката размислува за конверзија.

Поврзани содржини