ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО РАСПИТА ФИЛИПЧЕ ЗА НАБАВКАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИ ИЗВРШЕНА ОД ПЕТРОВСКА Петрушевски потсети дека непријавувањето кривично дело е казниво

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДСМ, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за, како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

61

Пратеникот Венко Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до Јавното обвинителство за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра при набавката на воени хеликопери, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДСМ, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за, како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана. Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело – рече Петрушевски.






Непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно член 364 од Кривичниот законик и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело, додаде Петрушевски.

– А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај – рече пратеникот Петрушевски.

Поврзани содржини