ПОСТАРАТА ЌЕРКА НА ЧАД ЛОУ СЕ ПРОСТИ СО СЕСТРА Ѝ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Заедницата се обидува да му помогне на семејството по самоубиството на 13-годишната Фиона

Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес потврди дека смртта е заведена како самоубиство. Фиона починала во болница, а семејството побара приватност во овој тежок период.

92

Седумнаесетгодишната Мејбл Лоу, најстарата ќерка на актерот Чад Лоу и продуцентката Ким Пејнтер, првпат јавно се огласи по смртта на својата 13-годишна сестра Фиона. Таа објави серија фотографии од нивното детство и напиша емотивна порака во која ѝ вети дека засекогаш ќе го чува нејзиниот спомен.

– Те сакам многу, Фиона. Посакувам твоето кратко време овде да беше полесно и се надевам дека сега твојот ум е мирен – напиша Мејбл на Инстаграм. Потоа додаде дека ќе ја почитува засекогаш и ќе го чува нејзиното сеќавање.






Мејбл објави повеќе фотографии од сестрите од различни периоди од детството, меѓу кои и видео на кое таа и Фиона танцуваат. Во објавата се гледа нивната блискост, а Мејбл на крајот напиша: Те сакам, се надевам дека знаеше колку многу.

Фиона, ќерката на Чад Лоу и Ким Пејнтер, почина на 29 септември, на 13-годишна возраст. Семејството тогаш соопшти дека е скршено од загубата на девојчето, кое го опиша како паметно, креативно и девојче што многу сакало да танцува.

Подоцна канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес потврди дека смртта е заведена како самоубиство. Фиона починала во болница, а семејството побара приватност во овој тежок период.

Семејството на актерот Чад Лоу добива голема поддршка од заедницата во Лос Анџелес по трагичната смрт на Фиона. Семејства од нејзиното училиште понудиле да организираат доставување храна, а биле понудени и други начини за финансиска и практична помош, но семејството одлучило поддршката да ја ограничи на својот најтесен круг.

Фиона беше средната од трите ќерки на Чад и Ким. Мејбл има 17 години, а најмладата Ники Барбара има 10. Чад Лоу и Ким Пејнтер се венчаа во 2010 година, а Фиона е родена во ноември 2012 година.

Семејството на Лоу веќе помина низ тежок период во јануари 2025 година, кога нивниот дом во Пацифик Палисејдс беше уништен во големите пожари во Лос Анџелес. Чад тогаш сподели фотографија од трите ќерки пред остатоците од домот и напиша дека е восхитен од нивната сила и издржливост.

Чад Лоу, кој е помладиот брат на актерот Роб Лоу, е познат по улогите во сериите „Life Goes On“, „Melrose Place“ и „Pretty Little Liars“, а се појавува и во „Supergirl“ и „9-1-1: Nashville“.

Поврзани содржини