📽️ ОДБИВАЛ ДА СНИМА ИНТИМНИ СЦЕНИ, ПА НИКОЈ НЕ САКАЛ ДА ГО АНГАЖИРА „Мислеа дека сум религиозен лудак“

Ѕвездата на „Yellowstone“, Нил Мекдонаф, не сакал да снима интимни сцени со други жени од почит поради сопругата, а одлуката му донела едно од најтешките поглавја во кариерата, останувал без улоги, а тешкиот период што следел го довел до сериозни проблеми со алкохолот.

99

Актерот Нил Мекдонаф, познат по улогите во „Yellowstone“, „Band of Brothers“, „Suits“ и „Очајни домаќинки“, повторно проговори за периодот кога неговата одлука да не бакнува други жени на екран сериозно му ја загрозила кариерата. Во најтешките години, како што самиот раскажува, останал без работа, дом и автомобили, а проблемите со алкохолот му се влошиле.

Мекдонаф, кој денес има 60 години, неодамна во подкастот „Arroyo Grande“ зборуваше и за тоа зошто никогаш не ги гледа своите филмови и серии. Тој објаснува дека како актер целосно се внесува во ликовите, па гледањето на сцени снимени пред години може повторно да го врати во состојбата во која бил додека ги снимал.






Неговиот став кон интимните сцени, пак, му донел многу посериозни последици. Тој претходно откри дека имал правило во договорите да не бакнува друга жена освен сопругата Руве. Во 2010 година бил отпуштен од серијата „Scoundrels“, откако одбил да сними интимна сцена. Според неговото сведоштво, му било кажано дека ќе биде заменет ако не се согласи – а тој одговорил дека тогаш може да го заменат.

Последиците, според Мекдонаф, биле драматични. Две години тешко наоѓал работа и во еден момент го загубил домот, автомобилите и речиси сè што имал. Во тој период почнал сериозно да се бори и со алкохолот. Неговиот пријател и колега Лук Пери му помогнал на семејството, дозволувајќи им привремено да живеат во неговиот дом.

– Мислеа дека сум религиозен лудак – раскажа актерот, објаснувајќи дека никој не можел да разбере зошто одбива да бакнува други жени. Тој, пак, вели дека причината била едноставна – не сакал таквите сцени да бидат дел од неговиот брак и не сакал неговите деца еден ден да го гледаат во такви сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raymond Arroyo (@realraymondarroyo)

Во еден момент сопругата му поставила јасен избор: или таа и семејството, или алкохолот. Мекдонаф вели дека токму тој разговор бил пресвртница и дека оттогаш престанал да гледа назад. Подоцна повторно почнал да добива улоги, меѓу кои и во серијата „Justified“, а кариерата постепено му се стабилизирала.

Интересно е што неговото правило не значело дека никогаш повеќе нема да има романтична сцена на филм. За „The Last Rodeo“ од 2025 година, во кој тој е актер, сценарист и режисер, ја ангажирал токму сопругата Руве да ја игра неговата сопруга. Така, за првпат по години, можел да сними бакнеж – со жената со која е во брак повеќе од две децении.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neal McDonough (@neal_mcdonough)

Денес Мекдонаф и Руве работат и заедно преку својата продукциска компанија, а имаат пет деца. Тој вели дека периодот кога мислел дека му е завршена кариерата на крајот го довел до поинаков живот и дека и понатаму не жали за одлуката што ја донел.

 

Поврзани содржини