„НЕ ТИ Е ЈАСНО“ Бруклин Бекам испрати порака од Париз откако ја прескокна ревијата на мајка му 

Бруклин Бекам не присуствуваше на ревијата на мајка му Викторија во Париз, а потоа се појави со маица со необична порака („It’s Not Clocking to You“) која повторно ги разгоре шпекулациите за семејниот конфликт.

300

Бруклин Бекам повторно го привлече вниманието со својот избор на облека додека со сопругата Никола Пелц престојуваше во Париз.

27-годишниот Бруклин се појавил во маица со натпис „It’s Not Clocking to You“ – фраза што во сленгот значи дека некој не забележува или не сфаќа нешто што би требало да му биде очигледно. Неговиот избор веднаш беше протолкуван како можна порака во моментот кога повторно се најде во центарот на вниманието поради нарушените односи со неговото семејство.






Инаку, оваа фраза се поврзува со неодамнешната вирална расправија на Џастин Бибер со папараците.

Бруклин и Никола беа во Париз за време на Модната недела, но не присуствуваа на ревијата на неговата мајка Викторија Бекам на која таа ја претстави колекцијата за пролет/лето 2027. Наместо тоа, двајцата присуствуваа на други модни настани и беа фотографирани како уживаат заедно низ француската престолнина.

Нивното отсуство беше особено забележливо бидејќи на ревијата беа Дејвид Бекам и останатите три деца на Викторија и Дејвид – Ромео, Круз и Харпер. Дејвид по ревијата објави фотографии од семејството и ѝ упати јавна порака на Викторија, пишувајќи дека се горди на неа и на нејзината работа.

По ревијата и Викторија објави фотографија со дел од семејството и им се заблагодари на пријателите и роднините што биле покрај неа. Бруклин и Никола не се на фотографиите, иако во тој период исто така беа во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Односите меѓу Бруклин и неговите родители се нарушени подолг период. Во јануари годинава тој јавно проговори за конфликтот, тврдејќи дека родителите со години го контролирале и дека не ја поддржувале неговата сопруга. Тогаш јасно порача и дека не сака помирување со семејството.

Бруклин меѓу другото ги обвини родителите дека се мешале во неговиот однос со Никола и изнесе тврдења поврзани со нивната свадба во 2022 година. Тој тврдеше дека Викторија се однесувала несоодветно кон него на свадбата и дека имала влијание врз одлуките околу венчавката. Неговите родители не ги прифатија неговите обвинувања како што ги претстави тој.

Во април, Викторија за „Wall Street Journal“ зборуваше за семејната ситуација без директно да го спомене Бруклин. Таа рече дека таа и Дејвид отсекогаш се обидувале да бидат најдобри родители и дека нивната цел била да ги заштитат и сакаат своите деца.

Додека семејството ја поддржуваше Викторија во еден од најважните моменти за нејзината модна марка, Бруклин и Никола избраа да бидат на друго место во Париз. А фотографијата на Бруклин со маицата со необичната порака дополнително го привлече вниманието кон конфликтот кој очигледно сè уште не е решен.

Поврзани содржини