ОТКУПУВАЛЕ БЕЗ ДОГОВОРИ, НЕ ГО ПЛАЌАЛЕ ОТКУПЕНОТО, А МАМЕЛЕ И СО ВАГИТЕ Инспекторатот за земјоделство изрече 30 мерки и издаде 17 платни налози

Заклучно со 15 септември, има извршено вкупно 873 вонредни инспекциски надзори согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кај регистрирани правни лица кои вршеле откуп на земјоделски производи.

83

Државниот инспекторат за земјоделство во тековната 2026 година, заклучно со 15 септември, има извршено вкупно 873 вонредни инспекциски надзори согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кај регистрирани правни лица кои вршеле откуп на земјоделски производи”, изјави директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.

-За утврдените  неправилности изречени се 30 инспекциски мерки и издадени 17 платни налози, од кои три се платени, а за преостанатите 14 се води прекршочна постапка пред Прекршочната комисија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – рече Ангеловски






Тој појасни дека при контролите најчесто е констатирано откуп без договори со производителите, неисплатени обврски, непочитување на роковите за исплата, неистакнати ценовници, непоседување верификувани мерни инструменти и откуп без упис во регистарот на откупувачи.

-И во наредниот период, инспекторатот ќе продолжи со редовни инспекциски контроли кај откупувачите на земјоделски производи, со цел заштита на правата и интересите на земјоделските производители, а за сите утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки согласно законските прописи -рече Ангеловски.

Поврзани содржини