ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВОДОМЕРИТЕ Акцијата ќе трае една година

Во првата фаза, теренските екипи ќе започнат со работа во следните региони: Долно Оризари, Буковски Ливади и во Стара Битолска Чаршија.

60

ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.

Во првата фаза, теренските екипи ќе започнат со работа во следните региони: Долно Оризари, Буковски Ливади и во Стара Битолска Чаршија.






– Ги замолуваме корисниците од овие подрачја да овозможат слободен и безбеден пристап до водомерите и, доколку е потребно, да бидат достапни за проверка и усогласување на корисничките податоци – велат од ЈКП Водовод Битола.

Акцијата ќе продолжи етапно и во останатите региони, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Поврзани содржини