СТОПАНСКА КОМОРА БАРА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ Прави споредба со други земји

Стопанската комора смета дека големиот број на неработни денови во државата создаваат проблеми за работодавачите.

130

Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.

На прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата, како и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.






Стопанската комора смета дека големиот број на неработни денови во државата создаваат проблеми за работодавачите.

Според Комората, бројните неработни денови создаваат сериозни проблеми во работењето на компаниите и ја намалуваат продуктивноста.

Стопанската комора и претходно бараше преиспитување на бројот на неработни денови, оценувајќи дека нивниот голем број создава проблеми за работењето на компаниите. Во 2022 година Комората поднесе и иницијатива до Уставниот суд за „недела-неработен ден“, со која се бараше на работодавачите да им се овозможи да бараат од вработените да работат и во недела, но Судот ја отфрли иницијативата и недела остана неработен ден.

Поврзани содржини