📽️ СЕКС-БОМБА ВО ТОПЛЕС И НА 61 ГОДИНА Елизабет Харли повторно ги воодушеви обожавателите со изгледот

Харли на Инстаграм објави неколку фотографии и кратко видео на кои го претставува „Eleni Kaftan“, еден од нејзините омилени модели за плажа. Сепак, најголемо внимание повторно привлече нејзиниот изглед.

145

Британската актерка и манекенка Елизабет Харли повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи со фотографии на кои го претставува сопствениот бренд за облека за плажа. 61-годишната Харли позираше во бело бикини и лесен кафтaн, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.

Харли на Инстаграм објави неколку фотографии и кратко видео на кои го претставува „Eleni Kaftan“, еден од нејзините омилени модели за плажа. Таа откри дека редовно го носи на одмор и дека овој модел е дел од нејзината колекција веќе две децении.






Кафтaнот е изработен од чист памук, со рачно извезени детали. На фотографиите Харли го носи над бело бикини, а изгледот го надополнила со златен накит, големи обетки и впечатлив приврзок.

Сепак, најголемо внимание повторно привлече нејзиниот изглед. Под објавата брзо се појавија бројни пофалби од следбениците.

– Изгледаш апсолутно неверојатно; Најубавата жена на светот; Безвременска – никој не е како тебе; Каква е оваа магија, како изгледаш вака на овие години? – се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Ова не е првпат Харли да споделува провокативни фотографии. Таа и претходно објавуваше фотографии во бикини, а во април годинава позираше во жолт долен дел од бикини без горниот дел, додека лежеше во трева опкружена со жолти цветови.

Харли својот бренд „Elizabeth Hurley Beach“ го основаше во 2005 година. Како што претходно објаснуваше, идејата ја добила додека нејзиниот син Демијан бил мал. Сакала работа што ќе ѝ овозможи да поминува повеќе време дома и да патува помалку, па го развила сопствениот бренд за луксузна облека за на плажа.

Поврзани содржини