ГЕРМАНЦИТЕ ПОЧНАА ДА КРАДАТ ГОРИВО Цените на горивата се приближија до 2,40 евра за литар

Германското здружение на оператори на бензински пумпи информира дека поради зголемениот број на кражби некои пумпи се затвораат ноќе.

60

Високите цени на горивата во Германија го зголеми бројот на кражби на бензинските пумпи, поради што некои сопственици почнаа да ги затвораат објектите во текот на ноќта, објави Германското здружение на оператори на бензински пумпи.

Според нивните изјави, и помладите и постарите граѓани крадат гориво.






– Психолошкиот праг за кражба очигледно падна бидејќи цените се приближија до износот од 2,40 евра за литар. Некои едноставно се оддалечуваат од станицата без да платат – рече портпаролот на здружението Херберт Рабл.

Случаите продолжуваат и покрај високиот ризик, бидејќи речиси сите бензински пумпи во Германија се под видео надзор.

Сепак, искусните крадци користат украдени регистарски таблички или ги прикриваат за да избегнат идентификација, пишува Билд.

Во септември, цените на дизелот и поевтиниот бензин Е10, кој содржи до 10% биоетанол, достигнаа историски рекорди во Германија.

Поврзани содржини