ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги анализира случувањата и не се меша

Наместо консолидација во редовите на опозицијата, што е здрава поставеност на политичката сцена, јавноста од викендов сведочи на дополнителни поделби, а контрашот Венко Филипче треба да разбере дека ставот да се биде само против е погубен, порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

64

Венко Филипче и СДСM, чија политика се темели на тоа да се биде контра на ставовите на власта колку да кажат дека имаат различен став, деновиве доживува дополнителен дебакл, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Наместо консолидација во редовите на опозицијата, што е здрава поставеност на политичката сцена, јавноста од викендов сведочи на дополнителни поделби. Јавноста сведочи на распад во живо. Наместо заеднички опозициски фронт, се множат фракции, суети и меѓусебни пресметки проткаени со низа на навреди. Во и онака слабиот СДСМ, кој е пред распаѓање, јасна политичка алтернатива сè помалку е на повидок, контрашот Филипче треба да разбере дека ставот да се биде само против е погубен – рече Петрушевски.






ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, сега од позиција на власт, секако дека ги анализира сите политички појави и движења, додаде тој.

– Нашиот став е многу јасен. Прво, ВМРО-ДПМНЕ смета дека тоа е нивна внатрешна работа и не ни помислува да се меша и второ, ако се прашува некој дали ни одговара или не, секако дека ни одговара, но тоа не е здраво за демократските процеси во државата. ВМРО-ДПМНЕ јасно порачува, народот не треба да се потценува, секој еден граѓанин знае зошто се определил за нас, а дал црвено светло за СДСМ. Филипче ако сака да ја консолидира СДСМ треба да знае дека ставот да се биде исклучиво против може да даде само еден резултат, а тоа е тонење и исчезнување на СДСМ. Затоа за добро на граѓаните и на државата потребна е побрза консолидација – рече Петрушевски.

 

Поврзани содржини