📽️ „ТЕРМИНАТОР“ ГО ТЕПАШЕ ФРЕНКИ ЛАПЕНА ВО КАФЕЗ Што стои зад првата ММА битка на човек и робот?

Интернетот веднаш го препозна филмскиот кошмар. Следуваа шеги за „Скајнет“ и моментот кога машините конечно ќе тргнат против своите создавачи.

7

Вирална снимка од Сан Франциско изгледа како првата сцена од востание на машините: робот висок околу 1,83 метри со удар го испраќа американскиот инфлуенсер Френки ЛаПена на подот.

Но „Терминаторот“ не одлучувал сам кого ќе нападне. Со него во реално време управувал човек, додека автоматизираните системи му помагале да ја одржува рамнотежата.






ЛаПена во борбениот кафез се соочил со хуманоидниот Т800 на кинеската ЕнџинАИ. Организаторот РЕК го промовираше спектаклот како прва борба „човек против Терминатор“.

Интернетот веднаш го препозна филмскиот кошмар. Следуваа шеги за „Скајнет“ и моментот кога машините конечно ќе тргнат против своите создавачи.

Зад настанот стои РЕК, компанија што организира борби со роботи управувани од човечки пилоти. ЛаПена најпрво се борел со помал Јунитри G1, а потоа со модифицирани Т800 роботи на ЕнџинАИ. Организаторите тврдат дека поголемите машини можат да зададат удар со сила до 850 фунти.

Виралниот клип не ја покажува целата борба. РЕК подоцна тврдеше дека ЛаПена продолжил и успеал да го совлада роботот, но целосната снимка и официјален спортски резултат не се објавени.

Т800 е само еден производ од многу поширока технолошка трка.


Американскиот Бостон дајнамикс го развива целосно електричниот Атлас за индустриска работа. Првите примероци од производствената верзија се наменети за Хјундаи и Гугл Дипмајнд, а партнерството со Дипмајнд треба да помогне роботите да совладуваат сложени физички задачи.

Тесла го турка Оптимус кон фабриките, додека Фигјур АИ развива хуманоиди што разбираат говорни наредби, ја анализираат околината и извршуваат повеќечекорни задачи.

Кина се обидува хуманоидната роботика да ја претвори од скапа демонстрација во масовен производ. Јунитри веќе привлече внимание со агилни и значително поевтини хуманоиди, а ЕнџинАИ ја покажува другата страна на трката – брзина, рамнотежа и физичка подвижност.

Во октомври во Пекинг ќе се одржи првенство на роботи-воини на кое ќе учествуваат хуманоидни и четириножни роботи, соопшти Комитетот за управување со економската и технолошка развојна зона на Пекинг.

Досега се пријавиле 24 екипи.

Поврзани содржини