📽️ ДИГИТАЛНАТА АКТЕРКА СЕ ПРАВЕЛА ВАЖНА Творците на Тили Норвуд која среде интервју почна да зборува кинески, тврдат дека само сакала да се пофали

Дигиталната актерка Тили Норвуд се збуни на интервјуто со Пирс Морган и Том Конти и наеднаш од англиски премина на кинески јазик, а компанијата која ја создала тврди дека не станувало збор за дефект, туку само сакала да ги покаже своите јазични способности.

60

Тили Норвуд, дигиталната „актерка“ која последната година предизвикува поделени реакции во Холивуд, доживеа прилично необичен момент за време на интервјуто со Пирс Морган и актерот Том Конти. Додека зборуваше за својот филм „Misaligned“, одеднаш престана да зборува на англиски и повеќе од десет секунди продолжи на кинески.

Сè започна кога Том Конти ја праша дали актерите кои се појавуваат со неа во филмот се вистински луѓе или компјутерски генерирани ликови. Норвуд прво зборуваше за сценаристите, режисерите и монтажерите, но Конти ѝ објасни дека тоа не е одговор на неговото прашање. Кога повторно се обиде да одговори, Норвуд кажа дека другите актери се „дигитални двојници како неа“, а потоа – без предупредување – премина на кантонски.






Пирс Морган веднаш ја прекина и ја праша зошто одеднаш зборува на кинески. Норвуд се извини и необичниот момент го опиша како „мала грешка“, велејќи дека понекогаш „жиците ѝ се заплеткуваат“. Таа дури додаде дека не сакала да почне да зборува кинески или да го имитира Морган.

Од компанијата која ја создала Норвуд, сепак, имаат поинакво објаснување. За „Forbes“ кажале дека тоа не било дефект, туку дека Норвуд можеби слушнала збор на кантонски и автоматски се префрлила на тој јазик. Од компанијата истакнале и дека дигиталниот лик може да комуницира на повеќе од 30 јазици. Верзијата која ги дава овие интервјуа се вика „Talking Tilly“ и е посебна од верзијата на Норвуд наменета за филмот.

Елин ван дер Велден, коосновачката на компанијата „Партикл6“, се обиде да го објасни необичниот момент.

– Тили знае да биде малку театрална. Претпоставувам дека само сакала да ги покаже своите јазични способности, бидејќи повеќето нејзини досегашни интервјуа беа на англиски. На крајот на краиштата, таа е автономна – изјавила таа за „Дедлајн“.

Но, ова не е единствениот необичен момент од нејзината прва голема медиумска турнеја. Компанијата ја понудила Норвуд за дури 75 истовремени интервјуа со новинари, а „TechCrunch“ забележа дека во повеќе од нив давала чудни или неточни одговори. Токму тоа отвори дополнителни прашања колку добро ваквите АИ-ликови можат да функционираат кога немаат однапред подготвен дијалог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tilly Norwood (@tillynorwood)

Норвуд е создадена од Particle6 и Xicoia и првпат беше претставена во 2025 година како АИ „актерка“. Нејзиното појавување предизвика силни реакции во филмската индустрија, особено поради стравувањата дека дигиталните изведувачи би можеле да ги заменат вистинските актери. Синдикатот САГ-АФТРА претходно се спротивстави на замената на човечките изведувачи со синтетички ликови.

Сега Норвуд треба да го промовира „Misaligned“, филм за вештачка интелигенција која развива човечки желби и се обидува да биде прифатена од луѓето.

Поврзани содржини