ПРЕТРЕСИ НА ДВАЕСЕТИНА ЛОКАЦИИ ПОРАДИ АФЕРАТА СО ФАЛЦ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ Полицијата обезбедува докази

Неодамна во медиумите се актуелизираше голем корупциски скандал во МВР поврзан со незаконско издавање и допишување на „Ц“ и „Д“ категории (за камиони и автобуси) во возачките дозволи на лица кои воопшто немале посетувано обука ниту положено испит.

591

МВР во текот на денешниот ден спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Акцијата е насочена кон расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.






Неодамна во медиумите се актуелизираше голем корупциски скандал во МВР поврзан со незаконско издавање и допишување на „Ц“ и „Д“ категории (за камиони и автобуси) во возачките дозволи на лица кои воопшто немале посетувано обука ниту положено испит.

Случајот беше обелоденет кон крајот на август 2026 година. Системот функционирал така што граѓаните фиктивно пријавувале изгубена возачка дозвола и поднесувале барање за нова. При фотографирањето и процесирањето на документот, корумпирани службеници во управните служби на МВР директно во системот им ги допишувале бараните повисоки категории. Се шпекулираше дека за услугата наплаќале тарифа од околу 1.400 евра.

Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши („Двојник“).

Одделот за внатрешна контрола при МВР започна опсежна истрага, а министерот Панче Тошковски потврди дека се преземаат мерки во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО). Тој најави најстроги санкции за секој кој ја злоупотребил службената позиција.

Поврзани содржини