📽️ ОД АДВОКАТКА И СТРИПТИЗЕТА ДО МОДНА ИКОНА 82-годишната Мишел Лами со златни заби, црни прсти и 20 години помлад сопруг, има неверојатна животна приказна

Од адвокатура и стриптиз до светот на авангардната мода – 82-годишната Лами со децении гради препознатлив имиџ и кариера по свои правила, а со нејзиниот сопруг, познатиот дизајнер Рик Овенс, споделува необична љубовна и деловна приказна која трае повеќе од 30 години

57

Модната икона Мишел Лами уште еднаш ги привлече сите погледи на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал со својот мрачен и уникатен стил.

Се појави во широк црн капут што го носеше врз асиметричен краток фустан, а изгледот го надополни со огромни црни чизми со платформа и бели правоаголни очила.






Посебно внимание привлекоа деталите кои со години се нејзин заштитен знак – бројните нараквици и прстени, тетоважите на прстите, црната вертикална линија на челото и златните заби.

На црвениот тепих друштво ѝ правеше Јусеф Набил во целосно црна, значително покласична комбинација, додека нејзиниот сопруг, славниот американски дизајнер Рик Овенс, не беше со неа.

82-годишната Французинка се појави на проекцијата на „DAU“ на режисерот Иља Хржановски, филм во конкуренција за „Златен лав“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style Magazine (@stylemagazineitalia)

Што знаеме за неа за Мишел Лами?

Мишел Лами е родена на 20 април 1944 година во францускиот регион Јура. Во младоста студирала право и во 60-тите и 70-тите години работела како адвокатка за кривични случаи. Истовремено студирала и кај познатиот француски филозоф Жил Делез. Подоцна го напуштила правото, бидејќи, како што е опишано во нејзините биографии, повеќе се интересирала за самите обвинети отколку за адвокатската професија.

Но, уште пред тоа, нејзиниот живот бил далеку од конвенционален. Како млада настапувала како стриптизета на локални саеми во Франција. Подоцна заминала во САД и во Лос Анџелес започнала нов живот. Отворила бутик, а потоа ја започнала и сопствената модна линија.

Во Лос Анџелес Лами станала позната и по својот култен локал „Les Deux Cafés“, кој го основала и го водела како ресторан и кабаре. Местото станало собиралиште на уметници, музичари и луѓе од андерграунд сцената. Таа била повеќе од сопственичка – го креирала целиот свет околу локалот, токму онака како што подоцна ќе го прави и со модата и уметноста.

@illuminatibrotherhood_hq

#michelelamy #rickowens #parisfashionweek #fyp #foryoupage

♬ original sound – Illuminati77

Врската со Рик Овенс

Овенс е роден во 1961 година, што значи дека е 23 години помлад од Лами. Нивната средба се случила во Лос Анџелес во раните 90-ти, преку фотографот Рик Кастро. Овенс тогаш бил млад дизајнер, а Лами веќе имала своја модна линија. Овенс никогаш не се вклопувал во конвенционалните претстави за приватниот живот и отворено зборувал за својата бисексуалност. Во една постара изјава дури раскажува дека кога бил помлад очекувал да биде геј маж без класични врски. Во „Vogue Business“ самиот ја раскажува нивната заедничка приказна. Со Мишел се запознал преку Рик Кастро, кој работел со неговиот тогашен партнер и Овенс прво бил ангажиран да работи на кроеви за нејзината машка колекција. Професионалната соработка постепено прераснала во љубовна врска. Овенс подоцна раскажувал дека нивната врска се развила од пријателство и работа, а со текот на годините Лами станала еден од најважните луѓе во неговиот живот и кариера.

Во 2001 година Лами и Овенс се преселиле од Лос Анџелес во Париз, а во 2006 година се венчале.

@tedskata

L’Histoire d’amour de Michèle Lamy et Rick Owens 💋 . #michelelamy #rickowens #mode #fashion #archivefashion

♬ original sound – TEDSKATA

 

Градење на заедничка модна империја

Во 2004 година Мишел и Овенс  ја основале Owenscorp и Лами со децении има важна улога во развојот на брендот.

Овенс во меѓувреме стана еден од најпознатите американски авангардни модни дизајнери, а неговиот бренд е препознатлив по темната, скулптурална и неконвенционална естетика. Во едно интервју за „GQ“ тој ја опишал Лами со зборови кои можеби најдобро покажуваат каква е нејзината позиција во неговиот живот: ја нарекол „елф-вештерка-свештеничка“, но и „непризнаен законодавец во повеќе културни сфери“. Познатиот американски рапер и модна фигура, А$АП Роки, познат и по долгогодишната врска со Ријана, со која има три деца, ја нарекува Мишел своја „fairy godmom“ и креативен ментор.

Лами има и ќерка, уметницата Скарлет Руж, родена во 1981 година. Нејзиниот татко е американскиот режисер и продуцент Ричард Њутн, со кого Лами била во брак пред Овенс. Скарлет подоцна станала уметница и соработувала со мајка си, а двете заедно со италијанскиот уметник Нико Васелари го формирале уметничкиот проект „Лаваскар“, проект што ги спојува музиката, перформансот, визуелната уметност и модата.

Која е инспирацијата зад необичниот изглед на Мишел?

Изгледот по кој Лами денес е препознатлива насекаде има свој извор. На пример, Лами со години ги затемнува прстите со црна боја за коса, а на нив има и тетоважи инспирирани од берберските жени од Северна Африка. Таа еднаш објаснила дека ги тетовира прстите токму затоа што сака да може да ги гледа своите тетоважи – затоа што не сфаќа зошто некој би правел тетоважи на грбот, кои не може да ги види.

Нејзините златни заби се уште еден заштитен знак. Според нејзините изјави за „Vogue Adria“, инспирацијата за нив ја нашла во металните ленти што ги забележала на забите на древни египетски мумии. Целиот изглед го гради со огромни прстени, нараквици и накит, кој за неа не е само украс, туку дел од телото и од нејзиниот начин на изразување.

Лами не се обидува ниту да го сокрие фактот дека нејзиниот изглед е намерно екстремен. Позната е и по тоа што не сака пластични операции и со години го задржува истиот препознатлив визуелен идентитет. Во едно интервју дури открила дека нејзиниот појадок може да биде само црн чај и цигари – реченица која совршено се вклопува во имиџот што го гради со децении.

Во април годинава Лами доби и признание за животно дело на „Fashion Trust US Awards“.„Vanity Fair“ во интервјуто со неа ја опишува како дизајнерка, претприемачка и културна анархистка.

 

Поврзани содржини