НЕКА НЀ ОБЕДИНУВА ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на независноста

Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 8 Септември, Денот на независностаа.

53

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

„Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката.






Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат, додава партијата.

„Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат. Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина. Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре. Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас. Нека е честит 8 Септември, денот на независноста“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини