СТУДЕН ФРОНТ ЌЕ ГО ЗАФАТИ БАЛКАНОТ ОКОЛУ 11 СЕПТЕМВРИ Следуваат дождови, грмотевици и пониски температури
Од идниот петок следува постуден и попроменлив период, со температури претежно помеѓу 16 и 23 степени.
Познатиот регионален метеоролог Марко Чубрило најавува дека и во наредните денови на Балканот ќе се задржи сончево и многу топло време, со температури помеѓу 30 и 36 степени Целзиусови.
Според прогнозата на Чубрило, силна промена на времето ќе пристигне околу 11 септември. Студен фронт ќе донесе дожд, грмотевици и локално невреме, но и забележително заладување.
Според Чубрило, продолженото лето ќе трае уште околу една недела, по што следуваат дожд и значителен пад на температурите. Од идниот петок следува постуден и попроменлив период, со температури претежно помеѓу 16 и 23 степени.
Сепак, српскиот метеопрогнозер, професор по географија, кој има популарен блог за временска прогноза, појаснува дека сите презентирани податоци и проценки се резултат на неговата обработка и толкување на нумерички модели. За официјални информации треба да се следат официјалните метеоролошки институти.
Според УХМР, времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на слаба локална нестабилност.
До средината на следната работна седмица времето ќе се задржи сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот.
До понеделник ќе дува севетозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 км/ч. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.