ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО ЗАФАТИ ДЕЛ ОД ПРУГАТА ПРИЛЕП-БИТОЛА Ќе мора да се менуваат праговите

Од безбедносни причини, за да се заштити животот на граѓаните, а да се заштитат и возовите - одлучивме да направиме оптимизација - изјави Николоски.

0

Пожарот што беснее во Мариово ја зафатил и железничката линија кон Битола, поради што биле преземени безбедносни мерки за заштита на патниците и возовите, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николоски посочи дека екипи од „Железница Транспорт“ и „Железница Инфраструктура“ учествуваат во справувањето со пожарот.






– За жал, пожарот ја опфати и железничката линија. Да се заблагодарам на тимовите од Железница Транспорт и Инфраструктура, коишто учествуваат во гаснењето на пожарите. Од безбедносни причини, точно е дека одлучивме да се заштити животот на граѓаните и, секако, да се заштитат возовите, и дека заради тоа се направи оптимизација – изјави Николоски.

Тој додаде дека штом целосно ќе се изгасне , ќе почнат работите на заменување на оштетените прагови на пругата, со што ќе се овозможи забрзување на патувањето кон Битола.

Поврзани содржини