ИНДУСТРИЈАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ЗА 15,1% Во останатите индустрии бројот на работници се намалува

Најголем пад на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен од 7,8 %. Во преработувачка индустрија бројот на работници се намалил за 2,3 %, додека, пак, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 %.

50

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 % во јули во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Најголем пад на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен од 7,8 %. Во преработувачка индустрија бројот на работници се намалил за 2,3 %, додека, пак, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 %.






Во јули бројот на работници се зголемил само во неколку гранки на индустријата и тоа: во индустријата за производство на компјутерски, електронски и оптички производи од 15,1%, во тутунската индустрија за 9,3%,  во индустријата за производство на пијалаци од 2,8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се намалил во групите Енергија за 3,3 %, Капитални производи за 2,3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – јули 2026 во однос на периодот јануари – јули 2025 година се намалил за 2,8 %.

 Индекси на бројот на работниците јули 2026 година, (2025 = 100)
VII 2026
VII 2025
I-VII 2026
I-VII 2025
VII 2026
Ø2025
VII 2026
Ø2021
Вкупно 97.4 97.2 97.5 94.5
АЕ Енергија 96.7 97.7 97.3 88.9
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 97.6 97.3 97.6 88.8
ББ Капитални производи 97.7 96.9 97.6 121.0
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 98.0 100.1 99.1 122.1
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 96.4 96.3 96.5 81.0
Б Рударство и вадење на камен 92.2 93.0 92.5 89.6
    05 Вадење на јаглен и лигнит 92.0 92.9 92.3 87.2
    07 Вадење на руди на метал 91.2 92.4 91.6 93.1
    08 Вадење на други руди и камен 96.7 95.8 96.4 87.0
В Преработувачка индустрија 97.7 97.3 97.7 94.8
    10 Производство на прехранбени производи 100.6 100.6 100.7 91.6
    11 Производство на пијалаци 102.8 103.4 102.8 118.7
    12 Производство на тутунски производи 109.3 109.4 111.2 108.1
    13 Производство на текстил 97.8 97.9 98.9 91.0
    14 Производство на облека 88.4 88.6 88.1 60.7
    15 Производство на кожа и слични производи од кожа 95.2 93.4 92.5 62.1
    16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
93.7 89.6 93.2 70.0
    17 Производство на хартија и производи од
хартија
96.6 97.2 95.8 83.4
    18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
100.4 98.2 100.1 85.0
    20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
97.6 97.9 97.8 109.7
    21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
98.6 98.8 98.7 122.5
    22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
99.5 101.5 100.4 94.1
    23 Производство на други неметални
минерални производи
100.1 99.4 99.7 87.0
    24 Производство на метали 99.9 100.4 99.7 87.8
    25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
99.0 98.9 98.4 80.2
    26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
115.1 112.5 113.7 121.5
    27 Производство на електрична опрема 98.1 97.5 98.4 99.0
    28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
97.6 98.4 98.5 131.2
    29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
97.8 96.8 97.7 123.5
    30 Производство на останата опрема за
транспорт
98.6 98.6 98.6 91.4
    31 Производство на мебел 98.4 98.2 97.8 86.4
    32 Останата производствена индустрија 98.9 99.7 99.5 88.8
    33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 96.6 96.6 97.4 105.3
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.1 100.1 99.8 94.1
    35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.1 100.1 99.8 94.1

 

Поврзани содржини