ПРОНАЈДЕНА Е ЖИВА СРБИНКАТА ШТО ИСЧЕЗНА ВО ПОПЛАВАТА ВО НЕПАЛ Ќерка ѝ ја објави среќната вест

Ќерката Инес Тодоровиќ објави дека нејзината Ениса Лековиќ е пронајдена жива и дека е на пат кон Катманду.

11

Српската државјанка Ениса Лековиќ, која исчезна по катастрофалните поплави во Непал на 26 август, е пронајдена и е безбедна, потврди нејзината ќерка Инес Тодоровиќ.

Тодоровиќ објави во Фејсбук групата „Пешачење во Непал“ дека нејзината мајка е пронајдена и додаде дека добила фотографија дека Лековиќ е безбедна и e на пат кон Катманду.






„Не можам да ги опишам чувствата низ кои поминував. Се надевам дека ваков вид катастрофа никогаш повеќе нема да се случи. Се молам за Непал и за сите семејства кои сè уште бараат некого свој или изгубиле некого. Знам низ што поминувате и се молам за вас“, напиша Тодоровиќ.

Најмалку 1.003 лица загинаа во поплавите што ги погодија Непал и Кина на 26 август, додека 3.916 се водат како исчезнати, вклучувајќи 583 странски државјани.

Туристичката служба на Непал претходно објави список на земји од каде што се исчезнатите, а меѓу нив беше и Србија.

Поврзани содржини