ОПШТИНА ИЛИНДЕН СЕ ПОФАЛИ СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ПРВАЧИЊА За 20% повеќе од лани
Општината инвестираше многу во училишните објекти и опрема, а оваа година за сите првачиња обезбеди ранец со потребниот училишен прибор, како и еднократна финансиска помош од 3.000 денари.
Општина Илинден се пофали со зголемен број првачиња на првиот училишен ден. Оваа година, во училишните клупи за првпат седнаа 184 првачиња, што претставува зголемување од над 20 проценти во споредба со минатата година.
Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски денеска беше во посета на општинските основни училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, каде им посака добредојде на најмладите ученици.