СЕ УВЕЗУВААТ ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД НОВИ Македонските возила во просек се стари речиси 20 години

Од јануари до јули 2026 година, во Македонија се увезени вкупно 36.614 патнички возила, а од нив 8.832 биле нови.

0

Возилата што се возат на македонските патишта се во просек стари по 19 години и 4 месеци, а само едно од четири возила кои се увезуваат од странство е ново, додека другите се половни – покажуваат податоците на Царинската управа на Македонија за првите седум месеци од оваа година.

Од јануари до јули 2026 година, во Македонија се увезени вкупно 36.614 нови и половни патнички возила, според податоците од Царинската управа. Од нив, 8.832 биле нови, што претставува околу 24 проценти од вкупниот увоз.






Во првите седум месеци од 2025 година се увезени 7.594 нови возила, што значи дека оваа година бројот е зголемен за 1.238 возила или за 16,3 проценти.

Половните возила продолжуваат да сочинуваат најголем дел од увозот. Во првите седум месеци од оваа година се увезени 27.782 половни возила, во споредба со 26.286 во истиот период лани, што претставува зголемување од 5,7 проценти.

Поврзани содржини