10.697 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Најмногу се во трговијата преработувачката индустрија и во хотелиерството

Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,30%.

2

Во второто тримсечје од годинава имало 10.697 слободни работни места,  покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на пополнети работни места во вториот квартал изнесувал 483.171, а стапката на слободни работни места изнесувала 2,17%.

Најголем број слободни работни места, 2.980 имало за работници во услужните дејности и продажбата, преработувачката индустрија (1.990), сместување и послужување на храна 1.338 и администрацијата со слоборни 1.041 работни места.






Највисока стапка на слободни работни места од 6,23% има во секторот сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,38 %.

Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,30%.

Статистика пресмета и дека фирмите со 10 до 49 вработени имале највисока стапка на слободни работни места од 3,20%.

Пополнети и слободни работни места според секторите на дејности второ тримесечје 2026 година
Број на пополнети работни места Број на слободни работни места Стапка на слободни работни места (%)
Вкупно 483 171 10 697 2.17
Рударство и вадење камен 3 598 41 1.13
Преработувачка индустрија 98 815 1 990 1.97
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 8 363 32 0.38
Снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 9 784 56 0.57
Градежништво 24 560 668 2.65
Трговија на големо и на мало 75 648 2 404 3.08
Транспорт и складирање 26 544 748 2.74
Сместување и послужување храна 20 128 1 338 6.23
Издаваштво, радиодифузија и дејности за производство и дистрибуција на содржини 2 258 21 0.91
Телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски дејности, компјутерска инфраструктура и други информатички дејности 19 265 383 1.95
Финансиски и осигурителни дејности 11 908 290 2.38
Дејности поврзани со недвижен имот 2 060 13 0.62
Стручни, научни и технички дејности 16 599 310 1.84
Административни и помошни услужни дејности 23 762 1 041 4.20
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување 43 665 207 0.47
Образование 38 942 229 0.58
Дејности на здравствена и социјална заштита 37 703 278 0.73
Уметност, спорт и рекреација 13 841 562 3.90
Други услужни дејности 5 728 86 1.47

Заклучно со јуни во агенцијата за вработување се евидентирани 88.500 невработени лица кои бараат работа. Речиси 60% од нив се без образование или со основно образование.

Поврзани содржини