13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО НАПАД ВО ЧАИР Петмина го нападнале со ножеви и со безбол-палки

Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат од Министерството за внатрешни работи.

41

Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако било избодено со нож во тепачка на улицата Македонско-косовска бригада во скопската населба Чаир, објави Телма.

Според болнички извори, детето е во исклучително тешка здравствена состојба.






Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат извори од Министерството за внатрешни работи. Во нападот биле употребени ножеви и безбол-палки.

Еден од малолетниците, роден 2012 година, признал дека користел нож, но истрагата треба да покаже дали токму со тој нож му се нанесени тешките повреди на 13-годишното дете. Неговиот брат, роден во 2007 година, одбива да даде исказ.

Полицијата го расчистува случајот и ги утврдува улогите на сите учесници во инцидентот. Се подготвува кривична пријава за обид за убиство.

Поврзани содржини