ЈА НАРЕКУВАА „ГРДОТО ПАЈЧЕ“, А ДЕНЕС НЕЈЗИНИТЕ ФОТОГРАФИИ ГО ОБИКОЛУВААТ СВЕТОТ Тифани Трамп се пофали со семејниот одмор на суперјахта
Најмладата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, ужива со сопругот, синот и мајка ѝ на луксузен одмор на Медитеранот
Тифани Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со фотографии од луксузниот семеен одмор на Медитеранот. 32-годишната ќерка на Доналд Трамп објави фотографии од патувањето на кое ужива со сопругот Мајкл Булос, нивниот едногодишен син Александар и нејзината мајка Марла Мејплс. На фотографиите Тифани позира во жолт костим за капење на палубата на луксузна јахта, а дел од летувањето го поминала и на Ибица.
Пред да стигне на Ибица, семејството престојувало на Азурниот брег, каде пловело со спектакуларна суперјахта долга околу 100 метри. Тифани, Мајкл, Марла и малиот Александар биле забележани и во близина на познатиот ресторан La Guérite на островите Лерин. Потоа Тифани продолжила кон Ибица, каде престојувала во приватна вила и поминувала време со долгогодишната пријателка Карен Шиболет.
View this post on Instagram
Но, зад фотографиите од луксузниот живот стои и една друга приказна за Тифани. Во дел од странските медиуми таа со години беше опишувана како „грдото пајче“ во семејството Трамп – ќерката која била далеку помалку присутна во јавноста од нејзината полусестра Иванка и од постарите браќа Доналд Џуниор и Ерик. Поновиот текст на NEWS.am дури го користи изразот „ugly duckling“ за да ја опише нејзината трансформација од релативно незабележлива членка на познатото семејство во жена која денес има сопствена јавна и модна препознатливост.
Тифани е единственото дете на Доналд Трамп и Марла Мејплс. Нејзиното детство и младост во голема мера се разликувале од оние на Иванка, која уште како тинејџерка беше во центарот на медиумското внимание и се занимаваше со манекенство. Тифани, пак, порасна главно со мајка ѝ во Калифорнија и подоцна студираше на Универзитетот во Пенсилванија и на Правниот факултет „Џорџтаун“. И денес претежно се држи подалеку од првата политичка линија во која се наоѓаат дел од нејзините полубраќа и полусестрата.
Нејзиниот приватен живот, сепак, во последните години стана значително поприсутен во медиумите. Тифани и Мајкл Булос се венчаа во 2022 година на семејниот имот Мар-а-Лаго на Флорида, а во мај 2025 година го добија синот Александар. Двајцата се запознале во Грција во 2018 година, а Булос ја запросил во 2021 година. Денес Тифани повремено споделува фотографии од семејниот живот, но внимателно ја чува приватноста на својот син.
View this post on Instagram
Најновите фотографии покажуваат сосема поинаква слика од онаа на Тифани која некогаш беше во сенка на познатото семејство. Во последните недели таа уживаше на Азурниот брег и на Ибица, со сопругот, мајка ѝ и синот, а на социјалните мрежи сподели моменти од јахтата, морето и семејното дружење. На една од најзабележителните фотографии позира во ретро жолт костим за капење, додека Марла Мејплс објави и фотографии со својот внук.
View this post on Instagram