НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 31 АВГУСТ ДО 6 СЕПТЕМВРИ Овнот влегува во романса, Вагата решава правни прашања

Јарецот го чека средба со бившиот партнер, слободните Водолии можат да запознаат некого на патување, предавање или преку социјалните мрежи.

0

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Месечината влегува во вашата куќа на личноста каде што ја чекаат Нептун и ретроградниот Сатурн, планетите на измамите и доцнењата, што може да донесе проблеми и да ги забави вашите активности. Јупитер во куќата на креативноста, на 31 август, образува тригон со Сатурн, носејќи успех во јавните дејности, спортот, приватниот бизнис и преку работи со недвижности.

Љубов: Планетата на експанзијата во куќата на љубовта и Лилит, симболот на еротичноста, во првиот дел од неделата им носат можност на слободните Овни за влегување во сериозна романса, а на зафатените – преродба на врската. Вашиот владетел, ретроградниот Плутон, во куќата на општествениот живот, најавува можност за контакти и средби со стари пријатели.

Здравје: Внимателно во сообраќајот на 3 и 4 септември.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Јупитер во куќата на приватноста, на 31 август, образува тригон со Сатурн, носејќи ви успех преку недвижности или вложувања во станбен или деловен простор. Последната четвртина на Месечината, која управува со вашите комуникации, во куќата на парите на 4 септември донесува добивки преку потпишување договор за исплатлива работа, кратко патување, учење, интернет или некогашни неконвенционални видови заработка.

Љубов: Во првиот дел од периодот можни се помали недоразбирања со членовите на семејството. Месечината, симболот на емоциите, на 1 септември влегува во вашата куќа на личноста и прави тригон со Сонцето во куќата на емотивниот живот, носејќи им на слободните Бикови можност за нова врска, а на зафатените – подобрување на односот со (брачниот) партнер.

Здравје: Внимавајте на штитната жлезда и гласните жици.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Јупитер во куќата на бизнисот, на 31 август, прави тригон со Сатурн во куќата на плановите и парите, носејќи ви зголемување на приходите преку пишување, кратки патувања, интернет-трговија, потпишување договори, општествен или политички ангажман и влијателни пријатели. Во времето на последната четвртина на Месечината во вашиот знак, на 4 септември, следуваат добивки преку неконвенционални видови заработка.

Љубов: Влегувањето на Месечината во куќата на општествениот живот носи повеќе излегувања и дружења со пријателите. Подобрување на односите со роднините на почетокот од периодот. Лилит, симболот на еротичноста, во куќата на партнерските односи, на слободните Близнаци им наговестува можност за вљубување, влегување во врска и/или проширување на семејството.

Здравје: Нервозата може да ви создава проблеми со спиењето.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: Вашиот владетел Месечината влегува во куќата на кариерата и преминува преку Нептун и Сатурн, планетите на измамите и ограничувањата, правејќи напет аспект со Марс во вашиот знак, што донесува конфликти со надредените и авторитетите. Позицијата на Јупитер во куќата на парите, на 31 август, ви донесува добивки преку работи со недвижности, органско земјоделство, соработка со странци и правни прашања.

Љубов: Сонцето во куќата на комуникациите прави тригон со Месечината, која на 1 септември влегува во куќата на општествениот живот, донесувајќи ви повеќе излегувања, дружење со пријателите, нови средби и познанства. Напетиот аспект меѓу Месечината и Плутон предупредува на конфликти, недоразбирања и судири со партнерот и членовите на семејството.

Здравје: Нервоза, раздразливост, особено на 3 септември.

Лав (23.7 22.8)

Фото: Pixabay

Работа: Јупитер во вашиот знак и 31 август, прави тригон со Месечината и Сатурн во деветтата куќа, донесувајќи ви напредување во кариерата и успех преку подолги патувања, високо образование и завршување важни правни прашања. За време на последната четвртина на Месечината во куќата на целите и парите, на 4 септември, можна е промена на плановите, но и зголемување на приходите преку креативни дејности.

Љубов: Ретроградниот Плутон во куќата на партнерските односи донесува важна средба со личност која не е таква каква што ви изгледала на прв поглед. Црната Месечина Лилит во куќата на љубовта, на слободните Лавови може да им донесе страстна врска и проширување на семејството. Можни се судири со родителите или авторитетите во семејното опкружување.

Здравје: Внимавајте на срцето и крвниот притисок.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Месечината, која управува со вашите финансии, влегува во куќата на парите, фокусирајќи ве на вложувања и материјални прашања, алиментација, поделба на имот, кредит или спонзорство. Аспектите на Јупитер, планетата на просперитетот, на 31 август ви донесуваат добивки преку недвижности. Во времето на последната четвртина на Месечината во куќата на кариерата, на 4 септември, можни се конфликти и судири со надредените.

Љубов: Тригонот меѓу владетелите на вашиот брачен и емотивен живот, на 31 август, ви донесува средба со поранешна симпатија, а на зафатените – подобар однос со партнерот. Владетелот на вашиот општествен живот, на 1 септември, прави конјункција со Хирон, симболот на вашата слабост, па од едно убаво пријателство може да се роди љубов.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Тригонот меѓу Јупитер во куќата на парите и Сатурн во знакот на акцијата, на 31 август, донесува голем успех како резултат на сè што сте постигнале досега. Спојот на последната четвртина на Месечината, владетелот на вашата кариера, со Уран, на 4 септември, донесува успех во решавањето правни прашања и преку подолги патувања. Спојот на Месечината и Хирон во куќата на парите, на 1 септември, ви носи на наплата стари сметки.

Љубов: Месечината, симболот на емоциите, влегува во куќата на партнерските односи каде што ја чекаат Нептун и Сатурн, планетите на измамите и минатото, донесувајќи судири со саканата личност и враќање на поранешниот партнер. Спојот на Месечината и Уран во деветтата куќа, на 3 септември, донесува интересна средба на пат или преку интернет.

Здравје: Потреба од интроспекција.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: Месечината во куќата на работата, каде што се наоѓаат планетите на идеалите и дисциплината, ве фокусира врз работните обврски. Јупитер во куќата на кариерата, на 31 август, прави тригон со Сатурн, планетата на амбициите, донесувајќи ви напредување на работа и зголемување на приходите. Во време на конјункцијата на Месечината со Уран, на 3 септември, решавате важни финансиски прашања, поделба на имот, алиментација или спонзорство.

Љубов: Секстилот меѓу Меркур и вашиот владетел Марс, на почетокот од периодот, ви донесува запознавање преку интернет или на кратко патување. Месечината близу Хирон, симболот на вашата слаба точка, во куќата на бракот, на 1 септември прави квадрат со вашиот владетел Плутон и ги активира старите судири со саканата личност и семејството.

Здравје: Враќање на старите тегоби.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: Месечината влегува во куќата на креативноста каде што ја чекаат ретроградниот Сатурн и вашиот владетел Нептун, донесувајќи ви успех во приватниот бизнис, јавните дејности, уметноста и спортот. Вашиот владетел Јупитер во тригон со Сатурн, на 31 август, ви донесува популарност, финансиски успех и успех преку патувања, високо образование и решавање стари, заостанати правни прашања.

Љубов: Со Лилит, симболот на еротичноста во вашиот знак, не можете да останете незабележани. Месечината, симболот на емоциите кој управува со вашата интима, на 3 септември влегува во куќата на бракот и партнерските односи каде што веќе се наоѓа Уран, донесувајќи ви проблеми и судири со саканата личност. Можна е средба со поранешна љубов.

Здравје: Хронични тегоби.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: Јупитер, планетата на просперитетот, во вашата куќа на парите, на 31 август образува тригон со Сатурн, владетелот на вашата работа, донесувајќи успех во решавањето важни финансиски прашања, поделба на брачен имот, наследство, остварување право на алиментација, стипендија, спонзорство или добивање кредит. Креативен проект што не сте го довршиле доаѓа на дневен ред на почетокот од септември.

Љубов: Месечината влегува во куќата на приватниот живот каде што ја чекаат вашиот владетел ретроградниот Сатурн и Нептун, планетите на ограничувањата и манипулациите, донесувајќи расправии и судири со членовите на семејството. Конјункцијата на Месечината и Хирон, симболот на вашата слаба точка, во куќата на љубовта, на 1 септември ви донесува средба со поранешниот партнер.

Здравје: Нервна напрегнатост.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Месечината, која управува со вашата работа, влегува во куќата на комуникациите каде што веќе се наоѓаат Нептун и вашиот совладетел Сатурн, планетите на фантазијата, идеите и амбициите, донесувајќи ви добивки преку патувања, контакти со странци, самостојна дејност, учење и усовршување вештини. Во времето на последната четвртина на Месечината, на 4 септември, завршувате стар креативен проект.

Љубов: Влегувањето на Месечината во куќата на приватниот живот, каде што ја чека ретроградниот Хирон, симболот на вашата слаба точка, на 1 септември предупредува на недоразбирања, расправии и судири со членовите на семејството. Веќе на 3 септември, слободните Водолии можат да запознаат некого на патување, предавање или преку социјалните мрежи.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: Месечината влегува во куќата на парите каде што ја чекаат Сатурн и вашиот владетел Нептун, кој управува и со вашата кариера, донесувајќи ви добивки преку приватен бизнис и недвижности. Вашиот владетел Јупитер во куќата на работата, во тригон со Сатурн на 31 август, ви донесува успех преку високо образование, решавање правни прашања, патувања и контакти со влијателни и угледни личности.

Љубов: Месечината, која управува и со вашиот емотивен живот, на 1 септември влегува во куќата на комуникациите правејќи конјункција со Хирон, симболот на вашата слаба точка, па можна е средба со поранешниот партнер. Спојот на Месечината и Уран во куќата на приватниот живот, на 3 септември, предупредува на расправии и судири со членовите на семејството.

Здравје: Потребен ви е одмор.

Поврзани содржини