НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ ТРГНЕ ВО ГРАДИНКА Воспитувачка советува како да му го олесните прилагодувањето на детето, но и себеси

Не е лесно да се одвоите од детето и да го оставите на грижа на некој друг осум или повеќе часа дневно. Не е лесно првиот пат, но не е лесно ниту по подолг период поминат заедно, на пример по летниот одмор. Воспитувачката Габријела Бакотиќ за хрватскиот портал „Мис Мама“ издвојува совети за родителите кои можат да помогнат за полесна адаптација на градинката.

1

Тргнувањето во градинка е голема промена и за детето и за родителот, а секое дете реагира различно. За многу деца тоа е прво искуство на одвојување од родителите, а одвојувањето од луѓето што ги сакаме секогаш е тешко. Од заштитената и позната средина детето одеднаш доаѓа во нов простор, меѓу непознати луѓе. Со текот на времето, сепак, ќе сфати дека родителот секогаш се враќа по него, ќе ја запознае новата средина, воспитувачите и другите деца.

За почетокот да биде полесен, важно е детето да се подготви уште пред да тргне во градинка, но и да се испланира доволно време за адаптација. Во првите денови престојот треба постепено да се продолжува, во договор со воспитувачите. Тешкотиите при адаптацијата најчесто се минливи, а повеќето деца успешно се навикнуваат на градинката во рок од две до три недели.






Што може да му помогне на детето?

Позитивниот став на родителот кон градинката, довербата во воспитувачите и, доколку е можно, престојот со детето во градинката во договор со воспитувачите можат да го олеснат периодот на адаптација.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини