СДСМ И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СЕ ПРОТИВ СЕКАКОВ НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА За нивна жал, дата-центри и нови инвестиции ќе има
Министерот Андоновски вели дека Македонија ќе се развива во дигиталната сфера, но тоа никогаш нема да значи компромис со животната средина, воздухот и водата.
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии – напиша на својот профил на Фејсбук Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чија одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и национални интереси.
Но, ние ќе продолжиме да работиме за иднината и напредокот. За нивно жалење, ќе има и нови инвестиции во високи технологии и Македонија ќе се развива во дигиталната сфера. Тоа никогаш нема да значи компромис со животната средина, воздухот и водата. Ние не сме луѓе кои ќе дозволат, заради матни тендери, живи да изгорат пациенти во болници. Или да немаат една контрола за чистота на вода со години, а да вршат функција министер за здравство“ – напиша Андоновски.