ОТКУПНАТА ЦЕНА НА „АЈВАРКАТА“ ПОВТОРНО ПАДНА НА 25 ДЕНАРИ Земјоделците најавуваат нов протест

Производителите на пиперка под пластеници велат прашуваат ако секоја недела имаат нова пониска цена, тогаш по која цена ќе се откупува пиперката до крајот на месецот, а потоа по која ќе се откупува таа што се произведува на отворено.

65

Производителите на пиперка „ајварка“ од струмичко тврдат дека само четири дена индустриската пиперка се продавала по договорената цена од 30 денари по килограм, а потоа фабриките ја намалиле цената на 25 денари и најавиле дека дополнително ќе ја намалат цената.

Тие бараат да се почитува  договорот постигнат со откупувачите на кој сведок бил и министерот за земјоделство Борче Серафимовски според кој индустриската класа на пиперка требаше да се откупува по 30 денари.






Тие најавија и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица и блокади.

Според објавата на Месното здружение на млади Муртино, веќе пет дена пиперката во струмичкиот регион се откупува по околу 25 денари за килограм, а од фабриките биле најавени и нови пониски цени.

Производителите на пиперка под пластеници велат прашуваат ако секоја недела имаат нова пониска цена, тогаш по која цена ќе се откупува пиперката до крајот на месецот, а потоа по која ќе се откупува таа што се произведува на отворено.

Тие велат дека во изминатите денови биле во контакт со министерот за земјоделство Борче Серафимовски и повеќепати ја пријавувале состојбата на терен.

Земјоделците потсетуваат дека на состанокот на кој биле договорени откупните цени побарале и писмени гаранции дека фабриките ќе ги почитуваат, но такви гаранции не добиле. Според земјоделците, министерот тогаш јавно најавил дека договорените цени ќе мора да се почитуваат и дека државата ќе реагира доколку преработувачите отстапат од договореното.

Пред две недела производителите на пиперка „ајварка“ од Струмичко протестираа неколку пати, па со посредство на министерот за земјоделие Серафимовски тие договорија откупна цена според класата.

За прва класа беше договорена цена од 40 денари, прва-втора класа 30 денари, индустриска класа 30 денари, и „шкарт“ како класа за 15 денари. Бидејќи најголем дел околу 80 проценти од родот на земјоделците се откупуваше како индустриска класа по 25 денари, за таа класа имаше зголемување од 5 денари од килограм.

Поврзани содржини