ХОЛАНЃАНИН ДИВЕЕЛ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА Полицијата го уапси на „Табановце“ и му подготвува кривична пријава

Прекршокот на Холанѓанинот бил регистриран преку „Сејф сити“ дека возел со брзина од 168 километри на час, на место каде што е дозволена брзина од 80 километри.

0

Холанѓанин  е уапсен вчера на граничниот премин „Табановце“ бидејќи возел со брзина од 168 километри а час на место каде што е дозволено да се вози со 80 километри на час, соопшти полицијата.

Како што е соопштено Холанѓанинот М.А (35) е уапсен при редовната проверка при излез од земјата. Полициски службеници извршиле проверка на возилото „порше“ кое го возел Холанѓанинот и утврдиле дека преку системот „Safe City“ тој е евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.






Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Поврзани содржини