ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ПРИ ПАД НА МАЛ АВИОН ВО ХРВАТСКА Пребарувањето на теренот траело со часови на дожд, ветер и магла

Речиси 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба учествуваа во големата операција за пребарување.

67

Две лица загинаа во падот на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапното подрачје на Националниот парк Пакленица.

Речиси 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба учествуваа во големата операција за пребарување.






– Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле остатоци од ултралесен авион и, за жал, во авионот се пронајдени две тела – изјави Петар Прпиќ од ХСС.

Прашан дали силната бура што вчера зафати делови од Хрватска е можна причина за несреќата, Прпиќ рече дека не сака да шпекулира за причината за падот на авионот, но потврди дека временските услови биле лоши.

-Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека нашите спасувачи се соочиле со лоши временски услови во зоната на пребарување. Стануваше збор за силен ветер, дожд во одредени периоди и многу лоша видливост – рече тој.

Особено тешки услови преовладувале на самата локација каде што се пронајдени деловите од авионот.

-Кога дојдоа на локацијата каде што ги пронајдоа остатоците од авионот, видливоста беше само два метра поради густата магла и сите овие други услови што ги наведов. Условите за пребарување воопшто не беа добри – рече Прпиќ.

Тој додаде дека бурата влијаела и врз самите спасувачи.

Хрватската контрола на воздушниот сообраќај претходно соопшти дека контактот со авионот со регистрација D-KWZE, кој летал од Чешка до Задар, бил изгубен вчера во 16.14 часот на околу 17 наутички милји североисточно од Задар

Полициската управа Лика-Сењ потврди дека со остатоците се пронајдени две мртви лица.

Полицијата го обезбеди местото на настанот, а истрагата треба да ги утврди сите околности и причината за оваа трагична несреќа.

Поврзани содржини