СЕ ОТВАРА ЕМГ КАБИНЕТ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ Нова услуга за дијагностицирање различни невролошки состојби

Се очекува кабинетот да почне со работа по 1 септември.

59

Општата болница во Кавадарци го опремува ЕМГ – кабинетот, со цел да овозможи уште една современа дијагностичка услуга за пациентите, соопшти јавната здравствена установа.

– ЕМГ (електромиографија) е дијагностичка метода со која се испитува функцијата на периферните нерви и мускули и има значајна улога во дијагностицирањето на различни невролошки состојби – појаснија од кавадаречката болница.






Кабинетот се очекува да почне со работа по 1 септември.

– Со тоа пациентите од Кавадарци и околината ќе имаат можност дел од потребната дијагностика да ја реализираат во оваа болница. Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на здравствените услуги, модернизирање на дијагностиката и за создавање подобри услови за нашите пациенти – велат од кавадаречката болница.

Поврзани содржини