ВИСОКИ КАЗНИ ЗА АРГЕНТИНЦИТЕ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ПО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ Паредес доби суспензија од 10 натпревари

Нахуел Молина доби забрана за настап на 7 натпревари, а Аргентинската федерација ќе треба да плати 250.000 американски долари, одлучи дисциплинската комисија на ФИФА.

0

Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за репрезентацијата на Аргентина по инцидентите по финалето на Светското фудбалско првенство и поразот од Шпанија со 0:1.

Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни.






Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч Нахуел Молина доби забрана за настап на 7 натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а помошниот тренер Ајала со 3 натпревари.

Казна има и за шпанскиот репрезентативец Гави, кој доби суспензија од еден натпревар.

Паредес и Молина ќе треба да платат и парични казни во висина од 90.000 американски долари, а Алмада, Ајала и Гави добија парични казни од по 30.000 американски долари.

Суспензиите се однесуваат само за репрезентативни натпревари.

Аргентина ќе мора и два натпревара на домашен терен да игра без присуство на публика, додека Аргентинската федерација ќе треба да плати 250.000 американски долари.

Поврзани содржини